Инспекторите во одделението за инспекциски работи при општина Струмица во месец јуни 2014 година, извршиле вкупно 111 увиди кај правни и физички лица на територијата на општината.
Согласно, годишната програма, месечниот и неделните планови, комуналната инспекција, постапувајќи по барања на граѓаните и службената должност, извршила 27 увиди. Согласно своите овластувања, инспекторите констатирале неправилности и согласно Законот за јавна чистота изрекле 15 мандатни казни.Полни раце работа имал и овластениот инспектор за животна средина, кој извршил 26 увиди.Во текот на минатиот месец, сообраќајниот инспектор извршил 19 увиди на терен и за констатирани неправилности издал 4 решенија со даден рок на постапување, а изрекол и две казнени мерки за поведување на прекршочна постапка.И градежните инспектори во јуни работеле со полн интензитет. Биле извршени вкупно 39 увиди на правни и физички лица.Според раководителот на одделението за инспекциски работи при општина Струмица, Ѓорѓи Бонев, увидите на инспекторите, согласно нивните овластувања, продолжуваат и во текот на овој месец.