Во организација на Пениата на фудбалскиот клуб „Барселона“ од Струмица во тек е одржувањето на турнир во мал фудбал „Светско во Струмица“. Турнирот се одржува со финансиска поддршка општина Струмица и во него учествуваат 12 екипи во три групи. За најдобрата екипа обезбедени се 6 влезници за натпревар на ФК „Барселона“ на Камп Ноу, а противникот ќе се знае по објавувањето на календарот на Ла лигата.
Инаку, општина Струмица е прва во Република Македонија и меѓу 1.300 во светот со Пениа на ФК „Барселона“. Токму тоа беше поводот пред четири дена, општината да ја посети Антонио Фреире Орељана, претседател на Пениите, кои всушност претставуваат здруженија на фанови на Барселона, а кои работат во состав на клубот.