Обезбедување правна и административна помош за граѓаните во општината, неформално образование за младите и возрасните и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи. Тоа ќе бидат главните активности на идниот Центар на заедницата, во рамките на проектот ,, Општина по мерка на граѓаните‘‘, кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Општина Струмица.За реализација на проектните активности во Центарот на заедницата во општина Струмица, потребни се тројца координатори за чие ангажирање ФООМ го објавува следниов конкурс: