Општинското средно училиште „Димитар Влахов“ ги заврши подготовките за почетокот на новата учебна година. Инвентарот е подновен, а завршено е и планираното варосување на училниците и канцелариите. Во тек е и феријалната пракса на учениците од земјоделската струка која се одржува во рамките на училиштето и во земјоделските аптеки, а која се спроведува за време на летниот распуст.