Со настапот на најмладите и талентирани струмичани на отворената сцена на градскиот плоштад „Гоце Делчев“, вечерва и официјално започна третото издание на „Струмица опен фестивал 2014“. Во нивниот настап, заедно со своите сограѓани, уживаше и градоначалникот, Зоран Заев.