Вечерва со почеток во 21 часот на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ стартува најголемата летна културно – забавна манифестација во државата „Струмица опен Фестивал 2014“. Честа да го отворат фестивалот им припадна на најмладите, односно на членовите на студиото за модерен балет „Газели“, а по нив следува настапот на финалистите на детскиот фестивал Јо – Јо.По ова, првата фестивалска вечер продолжува на познатата леблебиџиска улица каде ќе се одржи забава со рок бендот The Hounds.