Во општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец јули, се пристигнати вкупно 134 пријави од граѓаните на општина Струмица. Од нив општинските служби решиле 114 пријави, останатите 19 пријави се во процес на решавање,бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа и еднапријава е од инвестиционен карактер.
Најголем број од пријавите доставенидо „Систем 48“ во месец јули, или 68, се од областа на уличнотоосветлување, од областа на собирање смет 36, водовод и канализација17 и 6 пријави се од областа на општински инспекциски служби.Од општинскиот сервис „Систем 48“ апелираат до граѓаните за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848, за да може навремено да се интервенира и да се решаваат доставените пријави, со што би се спречиле и недоразбирањата во однос на временскиот рок кога е пријавено и кога точно треба да се одговори, односно интервенира.Од „Систем 48“ им се заблагодаруваат на сите граѓани на општина Струмица за користењето на услугите на овој општински сервис.