Се сервисира уличното осветлување во централното градско подрачје

Екипа на одделението за осветлување на Јавното претпријатие „Паркиралишта“ денеска сервисираа дел од оштетените светлосните објекти  во централното градско подрачје. Со сервисирањето се заменија дел од светилките, а се интервенираше и на арматурата која претрпе штета од неодамнешните поројни дождови. Овие интервенции, уште повеќе ќе го  разубават градот во вечерните часови и ќе ги направат попријатни прошетките на граѓаните.