Општинското основно училиште „Видое Подгорец“ подготвено ќе ги дочека учениците во новата учебна 2014/2015 година.Во текот на летниот распуст реализирани се повеќе планирани интервенции во внатрешниот и надворешниот дел на училиштето. Според директорот, Леонид Танчев, завршено е бојадисувањето во ходниците на приземјето, на првиот и вториот кат, на надворешниот дел на училиштето и оградата во училишниот двор. Подготовките за новата учебна година ќе продолжат и во наредните денови, ќе се интервенира во тоалетите и ќе се обновува мрежата околу игралиштето.