На свечена церемонија во организација на општина Струмица, синоќа во малиот градски парк беше откриен споменикот на фолк ѕвездата, Гоце Арнаудов. На церемонијата, достојна за легендата на македонската народна музика, присуствуваа градоначалникот Зоран Заев и членови на Советот на општина Струмица, семејството Арнаудови, естрадни уметници, пријатели и почитувачи на неговите песни. Споменикот го открија градоначалникот Заев,
авторот на споменикот Митко Тошев и Горан Кукиќ претседател на здружението на струмичката естрада.„Гоце Арнаудов е човекот кој од мали нозе па се до неговото прерано заминување од овој свет, испиша многу успешни страници во музичката историја на Струмица и Македонија“, рече градоначалникот Зоран Заев и додаде: Ѕвездениот град Струмица имаше своја ѕвезда на земјата која стана ѕвезда на небото. Таа Струмица беше негов дом. Од тука заминуваше по другите градови и земји, низ сите светски меридијани, и повторно се враќаше на местото каде што си тежи каменот. Таа негова и наша Струмица ја опеа и во песна, покажувајќи ја љубовта кон неа. Поради сето тоа, таа иста Струмица во предвечерието на неговиот роденден му подигнува споменик кој ќе го краси овој простор во малиот градски парк, во непосредна близина на неговиот дом. Општина Струмица со тоа му вели ,,Благодарам‘‘ и додава еден плус во бесмртноста, за која тој се избори. На Гоце Арнаудов не му е потребен споменик. Тој својот споменик го подигна со испеаните песни. Споменикот ни е потребен нам за да ни биде сведоштво за почитта која ја имаме кон човекот кој ја прославил Струмица надалеку, за да биде гордост на неговите современици и на генерациите кои доаѓаат по нас. Нека ни е вечен споменот за Гоце како што се вечни неговите песни.Од името на семејството Арнаудови, се заблагодари ќерката Харита.Што да кажам освен ти благодарам Македонијо, ти благодарам Струмицо. Ти благодарам што на ваков начин му се оддолживте и со ова ремек дело тој ќе продолжи да живее со нас струмичани, ние ќе продолжиме да живееме со неговата песна и ќе ја пренесуваме на идните генерации. Тој не задолжи на тоа, рече Харита Арнаудова.Спменикот на Арнаудов е дело на академскиот ликовен уметник, Митко Тошев.Овој паметник со неговиот лик е незаборав и симбол на нашата благодарност и почит кон човекот кој со својата песна допре до срцата и душите на сите нас. Како што песните на Гоце се вечни, така и ова дело е вечно и траен спомен за едно убаво поминато време. Ми беше особена чест што јас ја имав таа можност да го изработам овој споменик, рече Тошев.Споменикот на Гоце Арнаудов го подигна општина Струмица, која за оваа намена од буџетот издвои 1.700.000 денари.