Безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот секогаш биле меѓу приоритети на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица. Токму поради ова, од вчера почна комплетирањето на вертикалната сообраќајна сигнализација во градот и населените места.
Екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во координација со стручни лица од Секторот за урбанизам и комунални работи при општина Струмица поставуваат сообраќајни знаци на места каде имало, а од разни причини биле отстранети, а исто така се поставуваат и на нови локации на кои по извршениот увид е утврдено дека треба да има заради зголемување на безбедноста. Во текот на вчерашниот ден се поставени вкупно осум сообраќајни знаци и тоа три на улиците „Димитар Влахов“, исто толку, но за прв пат, на улицата „Ѓуро Салај“ и по еден на крстосниците на „Монополска“ со „11 октомври“ и на „Димитар Цветинов“ со „Маршал Тито“.Во текот на денешниот ден се поставени уште осум нови сообраќајни знаци. По два на крстосницата на улиците „Никола Тесла“, „11 октомври“ и „Народен фронт“ и на улицата „Моша Пијаде“ на делницата од „Ѓуро Салај“ до „11 октомври“. Еден знак е поставен на крстосницата на улиците „11 октомври“ и „Моша Пијаде“ и три на крстосницата „Моша Пијаде“ и „Ванчо Китанов“.Од Секторот за урбанизам и комунални работи информираа дека во оваа акција ќе бидат поставени вкупно 250 сообраќајни знаци во градот и населените места.