На денешната седумнаесетта седница на Советот на општина Струмица беше усвоена информацијата за јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата на територијата на општина Струмица за периодот од први јануари до триесетти јуни оваа година.
Членовите на Советот ги усвоија и следните предлог – одлуки:Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Блок 18, УЕ 2, општина Струмица, плански период 2012 – 2017;Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 35, општина Струмица, плански период 2013 – 2018;Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 5059 КО Струмица;Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште за КП бр. 5738/1 КО Струмица;Предлог-Одлука за отпис и расходување на основно средство – автобус.Членовите на Советот го разгледаа и усвоија барањето од ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица, за прифаќање на поголем број на деца во клоновите на градинката.