Со служење празничен водосвет од страна на претстаници на МПЦ ОА, кршење славски колач и примопредавање на кумството, денес во Божјиот храм во изградба ,,Успение на Пресвета Богородица,, беше одбележан денешниот патрон празник на црквата.
Во придружба на претставници од Советот на општина Струмица, на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев кој е главен иницијатор за изградбата на новиот црковен храм во Струмица и нејзин финансиер, заедно со струмичката бизнис заедница. Веднаш по свеченоста, градоначалникот Заев присуствуваше и на традиционалниот ручек во Црквата Св. Петнаесет, кој секоја година се организира по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. На ручекот присуствуваа и Митриопитот струмички– Господин Наум и Митрополитот западноевропски – Господин Пимен.