Здруженијата на граѓани кои добија финансиска поддршка по јавниот повик на општина Струмица за оваа 2014 година, почнаа со реализација на своите проектни активности. Во интерес на транспарентноста и отчетната политика, општина Струмица ќе ја следи имплементацијата на проектите и за нив редовно ќе информира на својата веб страница www.strumica.gov.mk