Општина Струмица објавува повик за пројавување интерес за ангажирање на :
– Два фудбалски тренери (еден тренер за работа со фудбалери и еден тренер за работа со голмани) на ученици во паралелката за фудбал
– Едно медицинско лице – физиотерапевт за медицинска грижа за учениците во паралелката по фудбал.
Конкурсот се објавува во согласност со правилникот за работа на центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Конвенцијата за меѓусебно признавање на тренерски квалификации на УЕФА и правилата на Ракометната федерација на Македонија (РКФ).
Услови кои кандидатите треба да ги исполнат се:
- За позицијата тренер на фудбалери или голмани:
– да има завршено најмалку средно образование;
– да поседува најмалку УЕФА А тренерска диплома;
– потврда за најмалку 2 (две) години клубска работа во соодветната категорија за која е кандидат во последните 5 (пет) години или потврда за најмалку 5 (пет) години стаж како тренер со соодветна диплома издадена од ФФМ;
– потврда дека не е осудуван;
– потврда дека не му е изречена дисциплинска мерка од страна на дисциплински орган на ФФМ во последните 5 (пет) години;
– да има програма за работа за периодот за кој се избира со предлог очекувани резултати;
– да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности, како и способности за пренесување на знаења и вештини;
– потврда за постигнати резултати во неговата тренерска кариера;
– лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа (завод за спортска медицина и сл.)
- За позицијата физиотерапевт:
– да поседува најмалку диплома за завршено средно медицинско училиште – насока физиотерапевт (или медицински факултет);
– потврда дека не е осудуван;
– лекарско уверение издадено од специјализирана здравствена установа
Изборот на кандидатите ќе го врши комисија составена од претставници на соодветната спортска федерација и општината.
Сите заинтересирани кандидати својата пројава на интерес , со сите потребни документи во оригинал , треба да ги достават до Општина Струмица (со назнака за – За тренер/физиотерапевт за Спортската Академија) по пошта на адреса, или лично во архивата на Општина Струмица, во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето:
Општина Струмица Општина Струмица
Ул. Сандо Масев бр. 1 Градоначалник
2400 Струмица Зоран Заев