Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, освен што ја поддржува, денеска и директно се вклучи во акцијата за повеќе зеленило на јавните површини. Заедно со членовите на еколошкото друштво „Планетум“, учениците од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и вработените во ЈПКД „Комуналец“ и одделението за заштита на животната средина при општина Струмица ја озеленуваа јавната површина пред градинката „Детска радост“. Оттаму, тој упати порака за помасовно вклучување во вакви акции и поголема заштита во средината во која живееме.
Целта е што повеќе вакви јавни површини да бидат озеленети, остануваат уште две јавни површини, едната е пред ученичкиот дом „Димитар Влахов“, а другата пред централниот регистер. Целата на оваа акција е преку употреба на отпад и растенија се озеленат одредени јавни површини во градот Струмица, по што на сите ќе ни остане задачата тоа да го чуваме и негуваме заради тоа што претставува богатство и убавина на градот Струмица, но и да испратиме порака, пред се до младите генерации, да се вклучат колку што е можно повеќе во создавањето на зелените површини. Јас им се заблагодарувам на младите луѓе и секако на сите овие организации кои што се вклучени во ваквите активности, се со цел да го озелениме нашето секојдневие во животот и преку тоа да продонесеме кон поздрава и поквалитетна животна средина, рече градоначалникот Заев.Овој проект го реализира ЕД „Планетум“ кој од 84 апликации се најде меѓу четирите кои добија финансиска помош од Енв-нет мрежата за герила градинарство и разубавување на јавните површини во Струмица.-Европската Унија препознала некои вредности кои што треба да се случат во општина Струмица. Македонија аплицираше со 84 проекти, а на регионално ниво, Босна, Црна Гора, Македонија, Албанија, Турција, Србија и Италија имаше вкупно 138 и ниту еден од партнерите не кажа не, за овој проект. Но, најбитен сегмент во целиот овој проект беше поддршката на општина Струмица и на градоначалникот, Зоран Заев, секако и на локалните јавни претпријатија, но најголемо задоволство е да се видат младите луѓе како ја создаваат својата зелена иднина, рече Душко Христов од Енв.нет мрежата.Овој проект ЕД „Планетум“ почна да го реализира од мај годинава и досега се одржани повеќе креативни работилници и три акции за разубавување на јавните површини во Струмица.