Глобалната штафетна трка за мир и годинава пристигна во Македонија, а според утврдената рута, низ Струмица ќе помине в среда ( 01.10.2014 година).Учесниците на трката, во Струмица ќе влезат од кај Валандово и ќе се движат по делницата од улицата „Маршал Тито“ (клучка Куклиш), булевар „Балканска“, булевар „Маршал Тито“ и во 12 часот ќе пристигнат на плоштадот „Гоце Делчев“.
Таму ќе ги пречека градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој и ќе го прими факелот на мирот. По тој повод ќе биде изведена пригодна културна програма во која ќе учествуваат спортисти и ученици од општинските училишта.Општина Струмица и градоначалникот, Зоран Заев, на оваа глобална манифестација која допре до милиони луѓе во светот и даваат максимална поддршка во промовирањето на меѓународниот мир, единството, пријателството и разбирањето.По Струмица, Трката за мир по булеварот „Ленинова“ќе продолжи за Радовиш.