Членовите на Локалниот Економско Социјален Совет на општина Струмица ја одржаа шесттата седница на која беа утврдени приоритетите за работа, а се разгледуваа и тековни активности. Во периодот од октомври 2014 до март 2015 година, приоритетни активности на Советот ќе бидат, промоција на веб страната на Локалниот Економско Социјален Совет, организирање и отворање на Бизнис старт ап центар, изготвување на стратегиски план, форум на млади за развивање претприемачки вештини, обука за занимања согласно потребите на пазарот на трудот, логистичка поддршка на Саем за вработување во Струмица и изготвување на извештај за работата на ЛЕСС на општина Струмица.
Овие приоритетни активности ќе бидат доставени и до градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Исто така, беа формирани и тимови за имплементација на утврдените приоритети.На барање на членовите на Советот, на седницата присуствуваше и Верица Узунова, директор на Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ која даде појаснување за начинот на имплементацијата на зонското паркирање.На седницата беше прифатен и предлогот, Локалниот Економско Социјален Совет да се вклучи во подготвителните активности на саемот за вработување кој ќе се одржи на 25 ноември во Струмица.