Во рамките на есенската акција за чистење на градот и населените места што ја спроведува Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ е опфатено и селото Дабиле. Таму екипи на „Комуналец“ ја косеа тревата и го собраа отпадот од паркот и игралиштето, по што и двете локации добија нов лик. Истовремено од „Комуналец“ апелираат до граѓаните на општина Струмица да го фрлаат отпадот на места определени за тоа, со што ќе го дадат својот придонес за чиста и здрава животна средина.