На меѓународниот фестивал на детски и младински претстави кој што се одржа во Јагодина, Србија, средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица доби две награди за претставата „Умри машки“ во изведба на Млад градски театар драмско атеље при ова училиште. Наградата за најдобра режија ја доби Кире Ѓорѓиев, режисер на претставата и наградата за најдобра костимографија заврши кај Олга Хаџиева, професор во СОУ „Димитар Влахов“.