Денеска во просториите на Домот на АРМ, почнаа јавните расправи по нацрт-локалните стратегии за соработка со граѓанските организации, млади, образование и социјална заштита на општина Струмица.Целта на јавните расправи е да се поттикне отворена дискусија и да се овозможи учество на граѓаните и сите заинтересирани страни во процесот на креирање на локалните стратегии на општината.
На дневен ред, денеска, беа нацрт – локалната стратегија за соработка со граѓанските организации и нацрт – локалната стратегија за млади на општина Струмица. Јавните расправи ќе продолжат и утре по локалната стратегија за социјална заштита и нацрт – локалната стратегија за образование на општина Струмица.Овие расправи се дел од проектот „Општина по мерка на граѓаните“, имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија и општина Струмица. Во рамките на проектот, утре, свечено ќе биде отворен Центарот на заедницата кој ќе обезбедува правна и административна помош за граѓаните, неформално образование за младите и возрасните и поддршка на младински, граѓански и културни иницијативи.