Деновиве започнаа планираните активности за реконструкција на паркот во селото Дабиле. Покрај целосното уредување на паркот, во тек се работите за обновување на клупите и нивно боење, како и комплетна санација на лулашките и другите елементи од детското игралиште. Според најавите од ЈПКД ,,Комуналец,, во наредните денови ќе се изврши и целосна санација на оградата на паркот.