Во рамките на проектот „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, кој е финансиран од детската фондација Песталоци од Швајцарија, а се имплементира од општина Струмица во партнерска соработка со МЦГО-Скопје, деновиве од страна на учениците и наставниците од општинското основно училиште „Маршал Тито“ од Муртино, се спроведе активност планирана со месечниот акционен план.
Со цел заедничко дружење, интеркултурна комуникација и меѓуетничка соработка, развивање на спортскиот дух, негување на спортска култура, мотивација за спортски активности и соработка со локалната заедница, учениците и наставниците од училиштето присуствуваа на кошаркарски натпревар помеѓу КК „Струмица“ и КК „Кожув“.Освен промоција на изведување воннаставни активности, во овој проект се остваруваат и други форми за јакнење на мултиетничката соработка во училиштето и локалната заедница. Изведувањето на заеднички наставен час од наставните предмети општество и граѓанско образование, со паралелки од мешан етнички состав во четврто, осмо и деветто одделение претставува вистинска можност за позитивна социоемоционална клима во паралелката, учење за правата на децата, меѓусебна перцепција за етничката, културната и верската припадност и запознавање на својата и другите култури.Проектните активности предвидени во акциониот план продолжуваат до крајот на оваа учебна година.