Денеска, во хотелот „Сириус“ во Струмица беше потпишан договор за формирање на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за малите и средните претпријатија во Југоисточниот плански регион. Овој Центар, технички и финансиски е помогнат од министерството за локална самоуправа и програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а ќе работи како дел од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. На овој промотивен настан присуствуваше и градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.