Почитувани сограѓани, телесно инвалидизирани лица, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух (глуви и наглуви), лица со пречки во говорот, гласот и јазикот, лица со аутизам, лица со Даунов синдром, лица со пречки во психофизичкиот развој и други лица со посебни потреби,
Денешниот Светски ден на хендикепот е Ваш ден, но 3. Декември е само еден од многуте денови во една календарска година. Вие ги заслужувате и останатите 364 денови во годината, бидејќи сте луѓе како и сите останати,
бидејќи сте дел од нашата заедница и нашето општество.
Вие имате право на достоинствен живот и сите останати со закон утврдени права, како и оние кои се дел и од меѓународните конвенции. Наша задача е да ги почитуваме тие Ваши права и соодветно да одговориме на сите Ваши неопходни потреби и барања. Социјализацијата, инклузивноста и обезбедувањето идеални услови за непречено одвивање на Вашите животи, треба и мора да бидат наш приоритет.
Вам, лицата со хендикеп, не ви се потребни само декларативни заложби, туку конкретни мерки кои ќе бидат по Ваша мерка. Во таа смисла, јас и Општина Струмица, секогаш сме биле, сме, и ќе бидеме на Ваша страна.
Нека ви е честит 3. Декември – Светскиот ден на хендикепот.