Во организација на програмата за регионален економски развој на Македонија (ГИЗ РЕД) на Германското друштво за меѓународна соработка, поддржана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC), во хотелот “Александар Палас“ во Скопје, се одржа промотивниот настан „Поддршка на регионалниот економски развој: достигнувања и визија за иднината“.
Настанот беше искористен за презентација на главните достигнувања и иднината на ГИЗ РЕД Програмата. Во рамките на настанот беше организирана Експо изложба на проектите на планските региони поддржани во рамките на Грантовата шема условена со перформанси.
Како посебно инвентивен од страна на присутните беше оценет Проектот за изградба на Панорамската трамвајска линија „Цареви Кули“. Во таа прилика градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, потенцираше дека Проектот има за цел да придонесе кон одржлив развој на туризмот и кон севкупниот економски развој на регионот преку обезбедување на модерни и атрактивни форми на транспорт на туристите и посетителите до археолошкиот локалитет „Цареви Кули“.