Советот на општина Струмица, денеска, ја одржа дваесет и првата седница на која покрај кварталниот извештај за извршување на буџетот за третиот квартал од 2014 година, беа усвоени и повеќе предлог одлуки и програми од повеќе области, а најголем дел беа од областа на урбанизмот.На дневен ред беа 34 точки, сите беа усвоени, 14 од нив беа од областа на урбанизмот, односно, за легализација на бесправно изградените објекти.