ОГЛАС
За вработување на Координатор за одржлив развој и поддршка на приватен сектор во рамките на проектот – 1 извршител на определено време
Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е државјанин на Р.Македонија, да е полнолетен, да не му е изречена казна – забрана за вршење на професија, должност или дејност) кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– VII / 1 степен – факултет од областа на општествени или природни и технички науки
– Работно искуство од 3 години
– Активно познавање на англиски јазик
– Познавање на работа со компјутери
– Познавања од регионалниот развој и системот на локалната самоуправа
– Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за планирање, имплементација и евалуација на Програми за развој и поддршка на приватниот сектор
– Искуство во подготовка, раководење и имплементација на проекти
– Комуникативност, аналитичност, креативност.
Работникот ќе работи на спроведување на проектните активности на Проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион”.
Огласот е отворен 8 (осум) дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето (12.12.2014 година, петок до 16 часот)
Работодавачот ќе изврши избор во рок од 21 работен ден по истекот на рокот за пријавување.
Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат условите наведени во огласот заедно со Мотивационо писмо за работа и CV во Европски формат.
Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:00 до 16:00; Работни денови: од понеделник до петок
Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до: Центар за развој на Југосточниот плански регион – Струмица, ул.„ Боро Џони“ бр.10, 2400 Струмица, лице за контакт: Жулиета Ѓуркова тел: 034/340-139.
Центар за развој на Југоисточниот плански регион