Општина Струмица се вклучи во проектот за селектирање на отпадни батерии кој што го спроведува еколошкото друштво „Гоу Грин“ од Скопје. Во основните и средните училишта ќе бидат поставени 15 специјални канти за отпадни батерии. Целта на проектот е да се развие свеста кај младите за потребата од селектирање на отпадни батерии затоа што тие спаѓаат во опасен отпад.