Привршуваат големите градежни активности во СОУ „Димитар Влахов“

На неколку локации во средното општинско училиште „Димитар Влахов“ привршуваат неколку големи градежни активности. Училишната зграда веќе има нова фасада, се менува подот во неколку училници, а привршува и уредувањето на училишниот двор.Покрај воспитно – образовниот процес кој успешно се одвива во училиштето, се трудиме да ги подобриме условите за работа како на учениците, така и на наставничкиот кадар.