Во општинското основно училиште „Герас Цунев“ од населеното место Просениково, се гради фекална канализација. По изведувањето на фекалната канализација ќе почне изградбата на тоалети во училишниот објект. Со реализацијата на оваа инвестиција ќе се подобрат условите за изведување на образовно – воспитниот процес во училиштето.