Средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица е наградено со највисок статус ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ на конкурсот објавен од ОХО од Програмата за „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
Со ова се вброи меѓу петте средни училишта во Македонија кои што се стекнаа со статусот Еко училиште ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ, а е единствено училиште од општина Струмица кое се закити со овој статус.На конкурсот учествуваа 51 детска градинка, 359 основни училишта и 100 средни училишта. Одлуката за наградување е донесена од страна на комисијата составена од претставници од министерството за образование и наука, швајцарската агенција за развој и соработка, министерството за труд и социјална политика и ОХО.Важиме за училиште кое е енергетски ефикасно со променети прозорци, кров и кое има затоплување со гас. Благодарение на земјоделските струки имаме и најуреден училишен двор во Република Македонија заедно со уште едно училиште. Имаме и други проекти, како што се, компостирање на отпадот и собирање пластика, што значи дека нашето училиште редовно се вклучува во многубројните еколошки активности, а ќе продолжи и понатаму да ги спроведува еко стандардите во наставата, рече Димитар Ѓорѓев директор на училиштето.Зеленото знаме и сертификатот за соодветниот статус официјално ќе бидат доделени на петтиот по ред Еко самит.