Помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица, полека го добива својот нов лик и се претвора во модерен фудбалски терен. Деновиве таму се работи со ласерски грејдер, тоа е градежна машина која што го рамни теренот до милиметарска точност. Досега на овој терен се изведе дренажниот систем и се изврши насипување со шљунковиден материјал, а завршија и подготовките за оградување на игралиштето кое ќе се изврши по рамнењето на теренот.
Овој проект чини 430 илјади евра, од кои 330 илјади евра се од буџетот на општина Струмица, а 100 илјади евра е донацијата за вештачката трева од УЕФА.