Почитувани граѓани на Oпштина Струмица,
Ве известуваме дека во рамките на Предлог-Проектот „Изработка на студии (ФС, ОВЖС, ЕИ), проектна документација и тендерска документација за собирање и третман на отпадните води на инвестициски проекти во општините Струмица, Битола и Тетово“, финасиран преку ИПА Програмата на ЕУ, Изработена е Програма за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица. Во согласност сосогласно член 65, став 2 од Законот за животна средина (“Службен весник на РМ” бр. 53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 47/2010, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14), се спроведува Стратегиска оцена на животната средина за споменатата Програма.
Во рамките на СОЖС процедурата, подготвен е Извештај за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица. Извештајот, заедно со Програмата, ќе биде достапен до јавноста во рок од 30 дена од неговото објавување на web страната на Oпштина Струмица. Исто така заинтересираната јавност може да ја провери содржината на СОЖС Извештајот во просториите на Општина Струмица-Сектор за ЛЕР и заштита на животната средина, во поранешен Дом на АРМ, секој работен ден од 10 до 13 часот.Заинтересираната јавност има можност во рок од 30 дена да даде свое мислење и забелешки по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина во електронска или печатена форма.На 9.01.2014 година ќе биде одржана и јавна расправа во врска со СОЖС Извештајот. За точното време и место на одржување на јавната расправа, јавноста дополнително ќе биде известена.
Подетални информации може да се добијат на следниот линк
Контакт лице: Софче Иванова
тел. 076 483 162