Градоначалникот на Општина Струмица :
ОБЈАВУВА
Издавање на Б Интегрирана Еколошка Дозвола на АД ,, ЖИТО СТРУМИЦА ,,
Инсталација за складирање на жито и мелнички производи, мелење на житни и мелнички култури и производство на пекарски производи
Врз основа на член 113 , член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.в на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007, 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/2010 , 51/2011 , 123/12, 93/13 , 187/13 и 42/14 ) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Б Интегрирана Еколошка Дозвола на операторот АД “ ЖИТО СТРУМИЦА”.
Подносител на барањето:
АД “ ЖИТО СТРУМИЦА” Инсталација за складирање на жито и мелнички производи, мелење на житни и мелнички култури и производство на пекарски производи
Адреса на подносителот:
Ул: ,, Гоце Делчев ,, бр.60
Контакт лице:
Роса Божинова
Категорија на инсталацијата:
3.,Прилог 2
6.Останати активности
6.4(под б) Обработка и преработка наменети за производство на храна од : растителни суровини со капацитет на производство од 30 до 300 т/ден (просечна дејност на квартална основа) (Сл.весник 89/05):
Вид на активности:
Инсталација за складирање на жито и мелнички производи, мелење на житни и мелнички култури и производство на пекарски производи
Целокупната документација содржана во барањето , програмата за подобрување на активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата во Дневник и на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk, во Одделението за заштита на животната средина во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица
Секој работен ден од 08.00-16.00 часот
Контакт телефон : 076/483-300.
ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Заев