Божикна честитка од градоначалникот Зоран Заев

Почитувани верници,

Вам, кои го славите  Рожденството Христово според Грегоријанскиот календар, Ви посакувам Ѕвездата Витлеемска да ги осветли и огрее Вашите домови и да Ви дарува љубов, семејна хармонија и неизмерна радост. Божиќните празнувања нека Ви поминат во духот на простувањето, милосрдието и човекољубието. Повторно нека се роди Исус Христос во Вашите срца и души, и повторно на љубовта нека Ви биде возвратено со љубов. Благословено и вековито нека Ви биде празнувањето.

ЧЕСТИТ БОЖИК.