Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и годинава им подари новогодишни пакетчиња на децата од социјално загрозените семејства, потврдувајќи ја својата континуирана поддршка на децата од општина Струмица.
На предновогодишното дружење во домот на АРМ, децата се радуваа на новогодишните пакети, се фотографираа со градоначалникот и заедно си посакаа многу здравје и среќа во Новата година.Новогодишни пакетчиња од градоначалникот добија и децата со аутизам во паралелките за образование на ученици со посебни образовни потреби при основното општинско училиште „Сандо Масев“ во Струмица. Покрај пакетчињата, градоначалникот Заев им упати и искрени честитки за многу здравје, среќа и успех во Новата 2015 година.