Советот на општина Струмица ја одржа 53-та седница на која на дневен ред беа две точки и тоа Квартален извештај за извршувањето на буџетот за првиот квартал од 2017 година и предлог – одлука за прифаќање на понуда за откуп на идеален дел од АД „Македонија“ фабрика за производство на санитарна керамика во стечај Струмица.Советниците повеќе се задржаа на првата точка од дневниот ред за реализацијата на кварталниот извештај за првите три месеци од оваа година, според кој буџетот е реализиран со 18 проценти и сметаме дека тоа е успешен процент со оглед на ситуацијата во која се наоѓа и државата, а со тоа и општината, односно сите општини сме заложници на некој начин на предвремените парламентарни избори и од тие причини сите општини губат финансиски од причини што има забрана за продажба на градежното земјиште и забрана за распишување на тендери за реализација на буџетот за 2017 година.