Општина Струмица преку општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и оваа година прифати да учествува во организацијата и спроведувањето на Регионалниот натпревар за учениците од основните училишта.
Со техничка поддршка на општинското основно училиште „Видое Подгорец“-Струмица, како домаќин на натпреварот, беа обезбедени простории за тестирање и одбележан полигон за изведување на вештото возење со велосипед. Општина Струмица ги обезбеди наградите за првите три места по категории мала група и голема група, за 6 ученици и 6 ученички. Регионалните натпревари од областа на сообраќајното воспитување се организираат со цел да се опфати пошироката територија на повеќе општини, кои имаат формирано Општински совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, но и оние кои досега немале можност тоа да го сторат. Победниците од одржаните општински натпревари со ученици од основните училишта, се квалификуваа во регионалните општински екипи и оваа година на овој регионален натпревар учествуваат екипите од општините: Струмица, Радовиш, Богданци, Гевгелија и Валандово, со вкупно 30 натпреварувачи. Учениците од сите општински екипи, кои постигнаа најдобри резултати во категорија на мала и голема група, ја сочинуваат регионалната екипа, која ќе учествува на Државниот натпревар: Теодора Николовска, Рафаил Сулев во категорија голема група и Јован Караниколов, Бојан Баламовски, Љубица Каранфилова и Танкица Карамичева во категорија мала група. Учениците Сара Стојанова и Давид Дончевски, како претставници од екипата на Струмица го освоија второто, односно третото место и не обезбедија пласман за Државниот натпревар.