По обилните дождови кои го зафатија нашиот град во текот на изминатото деноноќие, состојбата во подземниот паркинг е стабилизирана и истиот работи непречено. Обилни дождови кои достигнаа до 71 литар на метар квадратен воден талог според УХМР, предизвикаа количината на вода од централното градско подрачје да се собере на најниската точка, а тоа е подземниот паркинг. Од јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ информираа дека заради квалитетно изведената атмосферска канализација и активноста на трите водени пумпи во подземниот паркинг кои непречено работеа и ја прифатија целокупната количина на вода, ситуацијата во паркингот се врати во нормала за помалку од еден час.