Струмица е прва општина во Република Македонија која што ширум ги отвори своите врати за снимање на 360 степени обиколка и се вклучи во сервисот на GOOGLE MY BUSINESS. Со тоа уште еднаш потврди дека е отворена Општина и географски неограничена не само за струмичката, македонската, туку и за целата светска јавност.
Преку овој сервис, со виртуелна прошетка, граѓаните од целиот свет можат да ја видат внатрешноста на зградата на локалната самоуправа и да „влезат„ во сите нејзини простории.
– Линк од пред влезот: https://goo.gl/maps/eLAMiim1PKM2
– Линк од пред портирница: https://goo.gl/maps/Hxrv85gmTGs
– Линк од 1ви спрат: https://goo.gl/maps/QjQUSrrA2Xn
– Линк од 2ри спрат: https://goo.gl/maps/kgWfe3PxH5F2