Решение за свикување педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување педесет и четвртата седница  на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам педесет и четвртата седница на Советот на општина Струмица за ден  23.06.2017 година (петок).

Педесет и четвртата  седница   на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата   предлагам:

I

Усвојување на записникот од 53 седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н    р е д

  1. Одлука за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Паркиралишта Струмица“ за 2017 година;
  2. Одлука за  дополнување на Одлуката за утврдување на висината на цените за услугата паркирање во подземниот паркинг на Плоштад ,,Гоце Делчев” Струмица;
  3. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Паркиралишта Струмица“ – Струмица за 2018 година;
  4. Извештај за работата  на ЈП „Паркиралишта-Струмица“, за периодот  од 01.01. до 31.03.2017 година;
  5. Предлог – Одлука за утврдување  на работното време  во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  6. Предлог – Одлука за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиље;
  7. Предлог  – Оддлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво на Општина Струмица;
  8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1182/1 и мал дел од КП бр. 1190/2 КО Градско Балдовци;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7744 КО Струмица;
  10. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2017 година;
  11. Предлог – Решение за разрешување и избор на член во  Комисијата за мандатни прашања, избори  и именувања;
  12. Извештај  за реализација на Програмата за одржување  на улици  во град Струмица, како и локалните патишта во општина Струмица за 2016/2017 година  во зимски услови;
  13. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства за пополнување на работни места во ЈП „Струмица-гас“  – Струмица за 2017  година;
  14. Годишна сметка  на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2016 година.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов