Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, уште еднаш потврди дека е голем почитувач на духовните вредности, заедништвото и разбирањето меѓу луѓето од различните верски заедници.
Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, уште еднаш потврди дека е голем почитувач на духовните вредности, заедништвото и разбирањето меѓу луѓето од различните верски заедници.
Тој синоќа присуствуваше на Ифтарската вечера која се реализираше на плоштадот „Гоце Делчев“ во организација на здружението на граѓани „ДОСТ ЕЛИ“, а по повод Рамазанските пости. Поздравувајќи ги присутните на вечерата, им посака Рамазанските празнувања да им донесат мир, благосостојба и радост во нивните домови.Имам чест да ве поздравам сите Вас од мое лично име, од името на вработените во општинската администрација и од сите граѓани на општина Струмица и да ви посакам пријатна Ифтарска вечера, која и овој пат се одржува во организација на здружението на граѓани „ДОСТ ЕЛИ“, а по повод Рамазанските пости. Овој убав и масовен настан, кој полека но сигурно прераснува во традиција, е само уште една потврда за беспрекорното почитување на духовните вредности, како и за негувањето на заедништвото и разбирањето меѓу луѓето. Искрено се надевам дека Рамазанските празнувања ќе ги поминете во убаво расположение и во духот на Вашата вера. Колку што е голем овој плоштад, толку нека бидат големи Вашите души, во кои ќе има место за добрината, милосрдието и љубовта кон луѓето. Рамазанските пости и празнувања нека ви донесат мир, благосостојба и хармонија во Вашите души и семејства и радост во Вашите домови. Ви посакувам уште еднаш убава Ифтарска вечера. Нека ви се за многу години Рамазанските празнувања, рече Костадинов. На Ифтарската вечера присуствуваа и претседателот Јосиф Христов и членови на Советот на општина Струмица.