На големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“, синоќа, се одржа четвртиот по ред ЈОЈО фестивал на детски песни. И годинава овој детски фестивал привлече големо внимание кај граѓаните кои ја наполнија салата и уживаа во настапите на 14 дечиња од Струмица, Скопје и Гевгелија кои пееја за музиката, љубовта, модата, слатките, принцезите, летото, децата, за Струмица. Во публиката беа и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членови на истиот.ЈОЈО фестивалот се одржа под покровителство на општина Струмица.