Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, оствари средба со Луиза Винтон, постојан претставник на УНДП и постојан координатор на Обединетите нации во Република Македонија. На средбата која што се одржа во кабинетот на Костадинов, се разговараше за досегашната соработка и позитивните резултати од реализираните проекти меѓи општина Струмица и УНДП и за можностите за продлабочување на понатамошната соработка.На оваа денешна средба разговаравме за приоритетите во општина Струмица кои што можат да бидат поддржани од УНДП и од разни донатори како што се Швајцарската агенција за развој и секако соработката со Европската унија.
После оваа средба госпоѓата Винтон ќе оди во теренска посета на активности кои што се реализираат преку УНДП, а тоа се еколошките мерки во земјоделското производство. Во поглед на проектите кои што ги имаме реализирано како општина заедно со УНДП, ќе ни треба повеќе време да ги набројувам, но би спомнал неколку од нив, ангажирање на лични асистенти за лицата со посебни потреби кои што се во редовен образовен процес, пријателски библиотеки за сите граѓани на општина Струмица, реконструкција на библиотеката „Благој Јанков Мучето“, проектот за помагање при вработување на млади и невработени лица и многу други проекти. Од овде сакам јавно да се заблагодарам до целиот тим на УНДП, посебно до постојниот претставник, госпоѓата Луиза Винтон, и да го споделам со вас моето убедување дека зацврстувањето на оваа соработка во иднина ќе резултира со многубројни проекти кои што ќе бидат од суштинско значење за сите граѓани на општина Струмица, рече Костадинов.Одличната соработка меѓу УНДП и општина Струмица ја потенцираше и постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон.Струмица и УНДП работат на сите области на кои УНДП работи во државата, почнувајќи од заштитата на животната средина, социјалната вклученост и доброто управување. Задоволство ми е што денеска разговаравме не само за тековните активности, туку и за проектите во најава и за можностите за интензивирање на нашата соработка. Соработката веќе дава резултати во заштитата на животната средина, на водите на реката Струмица и во заштитата од поплавите на регионот и во иднина ќе работиме заедно да им помогнеме на фармерите да воведат поодржливи мерки на производство. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со Општината, со Бања Банско за да им овозможиме на сите луѓе со посебни потреби подобро да можат да се вклучат во животот. Му се заблагодаруваме на градоначалникот за досегашната соработка и се надеваме на уште поголемо продлабочување на соработката што ја имаме со општина Струмица, рече Винтон.