Територијалната професионална противпожарна едница на Струмица во последната недела имала вкупно 16 интервенции. Најголем дел од нив, или, 10 се гаснење на запален оџак кај индивидуални семејни куќи и колективни станбени згради. Останатите интервенции се гаснење на запален отпаден материјал, гаснење на опожарен прозорец на поранешното кино „Балкан“ и превентивна интервенција на потенцијално опожарување на парен котел и огревно дрво.
Бидејќи во овој период од годината зачестија интервенциите во гаснење на запалени оџаци, од противпожарната единица апелираат до граѓаните дека се уште може да се исчистат оџаците доколку тоа не е направено во пролетните и есенските месеци, но тоа да не го прават сами, туку, да побараат стручна помош од единицата.