По позитивните искуства на општина Струмица во искористувањето на средствата од европските фондови и реализирањето на проектите од Програмата за прекугранична соработка, средното општинско училиште „Димитар Влахов“ аплицираше со проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ за средства од ИПА програмата за прекугранична соработка.
Партнер во проектот е професионалната гимназија по туризам „Никола Јонков Вапцаров“ од Ќустендил, Бугарија. Од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ информираа дека доколку ги добијат средствата ќе се изврши адаптирање и санирање на веќе постоечки објект во кругот на училиштето каде што ќе се изведува практична настава.Исто така со реализацијата на овој проект ќе се засили и прекуграничната соработка меѓу луѓето, особено меѓу младите, се овозможува решавање на проблемите во образованието со користење на природните ресурси, а со тоа се намалуваат расходите за затоплување на објектот и се обезбедува почиста средина. Вкупната вредност на проектот „Штедиме енергија – градиме иднина“ е 375 илјади евра.