Во организација на Центарот на заедницата, а во соработка со општина Струмица, денеска и утре, се спроведува обука за претставници на граѓанските организации на тема „Мониторинг на акциските планови за четирите области од локалните стратегии на општина Струмица“.
Обуката има за цел да им обезбеди на граѓанските организации соодветни знаења, вештини и алатки за мониторинг на имплементацијата на акциските планови за соработка со граѓанскиот сектор, развој на образованието, млади и социјална заштита на граѓаните. По завршувањето на обуката, Фондацијата Отворено општество Македонија ќе распише отворен повик за мали грантови за граѓански организации за вршење мониторинг на акциските планови до крајот на 2016 година.Акциските планови беа усвоени на 32-та седница на Советот на општина Струмица во октомври минатата година.