Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“ денеска донираше играчки во клонот 3 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Верица Узунова, директор на претпријатието, по вторпат се донира во градинката согласно одлуката еден процент од приходите остварени преку зонското паркирање да се донираат во градинката „Детска радост“. Првата донација се реализираше во септември минатата година во клонот 6.Оваа година одлучивме да донираме во клон 3 каде што дечињата се подготвуваат за еден од најважните процеси во животот, а тоа е образовниот процес и кои еве за неполни шест месеци ќе тргнат во прво одделение, а тоа е најголемата возрасна група.
Денеска, донираме наставно-научни материјали и помошни средства, елементи и играчки кои што на дечињата ќе им овозможат да ја зголемат креативноста, да ја подобрат нивната нумеричка способност и се разбира да ја развијат можноста за правилно расудување за да можат полесно да заполоват во образовниот процес, рече Узунова.Дечињата многу се израдуваа на донираните играчки и со една песничка им се заблагодарија на сите вработени во Јавното претпријатие „Паркиралишта – Струмица“, а се запознаа и со работата на пајак возилото кое за оваа цел беше донесено во дворот на градинката.