Почитувани сограѓанки
Денес е Ваш ден. Денес е ден за славење и почит, но и Ден за цврста решеност да се опстои во борбата за ваша целосна рамноправност во заедницата и општеството. Меѓународниот ден на жената – 8. Март е само потврда дека во минатото, храбри и достоинствени жени испишувале светли страници од историјата, борејќи се за своите права и за потполна рамноправност со мажите. Таа борба се уште трае, па Вие, заедно со сите чинители во општеството треба да ја допишувате таа историја. Вие сте значаен дел од општина Струмица и Република Македонија и како такви заслужувате да бидете почитувани, да добивате еднакви можности за себереализирање и за рамноправност во надградбата на нашата заедница и општество. Затоа, славете го денешниов ден, но користете ги сите останати денови во годината за тие цели. Во таа смисла ја имате целосната моја поддршка и поддршката од Општина Струмица.
Нека ви е честит и вековит празникот.